Машинеријата на Енрике не запира: ПСЖ го декласира Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Францускиот и европски шампион ПСЖ славеше со убедливи 4-0 против Атлетико Мадрид во првото коло од Светското првенство (СП) за клубови.

Фабијан Руиз постигна прекрасен гол во 19. минута за предност од 1-0, додека Витиња во првата минута од судиското надополнување стрелаше за 2-0.

Атлетико успеа да погоди преку Хулијан Алварез, но голот беше поништен поради прекршок по проверка од ВАР-технологијата.

До крајот на натпреварот, гигантот од Париз постигна голови преку Мајули и Ли Канг-Ин за конечни 4-0.

Фото: Facebook/PSG - Paris Saint-Germain