Сампдорија ја искористи среќата и е на чекор од опстанок во Серија Б (ВИДЕО)

Поранешниот италијански шампион Сампдорија ја победи Салернитана со 2-0 во првиот бараж меч за опстанок во Серија Б и е на добар да остане во ова друштво и идната сезона.

Тимот од Џенова требаше веќе да биде член на Серија Ц, но Бреша поради финансиски проблеми прогласи банкрот и автоматски испадна од второлигашкото друштво, па Сампдорија доби можност преку бараж да се спаси од најголемиот срам во својата историја. За победата се погрижија Меле Муленстајн кој погоди во 39. и Марко Курто во 86. минута.

Двете екипи го завршија натпреварот со по десет фудбалери бидејќи во судиското продолжение беа исклучени Фабио Борини и Петар Стојановиќ. Реваншот се игра на теренот на Салернитана на 20 јуни.