Eкипата на Големо Коњари од Прилеп по 33 години во наредната сезона повторно ќе биде дел од Втората лига, а жителите на селото заеднички започнаа да се подготвуваат за настапот во ранг погоре.

Во текот на вчерашниот ден беше изведена работна акција во која доброволно се вклучија повеќе жители од селото со цел стадионот да се подготви и фудбалерите да имаат подобри услови за тренинг и натпревари идната сезона.

Повикот за работната акција беше објавен на Фејсбук профилот на клубот. Ваквиот потег на жителите само покажува колку во ова место со нетрпение го очекуваат враќањето во Втората лига.