Реал ќе му земе уште еден фудбалер на Ливерпул на ист начин како Арнолд!?

Шпанскиот гигант Реал Мадрид ова лето ангажира нови засилувања со цел да се врати на тронот во Ла Лига, а претседателот Флорентино Перез веќе прави планови за следната година.

„Кралевите“ успеаја да го договорат Трент Александер-Арнолд целосно бесплатно, а на ист начни сакаат да го ангажираат и Ибрахима Конате, но во 2026 година.

„Марка“ пишува дека шпанскиот гигант веќе испратил сигнал до Конате, кој има договор до јуни 2026 година, па наскоро се очекува да почнат преговорите меѓу двете страни.