Клубови од четири земји се интересираат за Ристовски!?

Македонскиот фудбалер, Стефан Ристовски е во потрага по нов клуб откако го заврши поглавјето во Динамо Загреб.

Според унгарскиот новинар, Счех Бенјамин, за Ристовски има интерес од четири земји.

Меѓудругите Ристовски се поврзуваше и со Ујпеш, но од овој унгарски клуб му рекле на новинарот дека уште не го контактирале фудбалерот.

Покрај Унгарија, можни дестинации за Ристовски се и Русија, Турција и Обединетите Арапски Емирати.