Шортс со 30 поени му пресуди на Монако: Париз поведе во финалната серија!

Кошаркарите на Париз триумфираа со 94-82 против Монако на стартот на финалната серија од францускиот шампионат, а Американецот со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс беше незапирлив на паркетот.

Монако даде голем отпор на почетокот на средбата и ја доби првата четвртина со 23-22, но потоа Шортс и колегите се заиграа и на полувреме донесоа предност од 49-38.

Париз успешно го чуваше водството во второто полувреме, а Монако не успеа сериозно да се закани и да најави враќање во дуелот (94-82).

Шортс помина 28 минути на паркетот, а притоа постигна 30 поени, шест скокови и шест асистенции за Париз.

Фото: Facebook/Paris Basketball