
Тер Штеген се помири - си оди од Барса и се сели во Галатасарај
Галата неодамна остана без уругвајскиот голман Фернандо Муслера кој го напушти клубот, па Тер Штеген би требало да биде соодветна замена за него. Останува само уште да се договорат Галатасарај и Барселона што веројатно не би било голем проблем. Во турскиот шампион се надеваат дека Барса нема да бара висока отштета, дури се надева дека ќе го добие Тер Штеген бесплатно.
Дури и такво сценарио за Барселона е прифатливо бидејќи можеби нема да заработи на германскиот голман, но затоа ќе заштеди 42 милиона евра во следните три сезони, колку што бруто треба да добие Тер Штеген. Ако операцијата успее, тој ќе потпише договор со Галатасарај на три години.
Барселона е пред договор со голманот на Еспањол, Жоан Гарсија, а Тер Штеген ќе си замине од клубот по 11 години поминати во него.