
Баерн во 2022 потроши 150 милиони евра за осум фудбалери, денеска ниту еден од нив не е во Минхен
Последен кој замина од тие осум фудбалери беше Матијас Тел кој се пресели во Тотнем за 35 милиои вра. Де Лихт и Мазрауи во пакет завршија во Манчестер јунајтед, Мане остана само една сезона и замина во Саудиска Арабија, Гравенберхго избра Ливерпул, Зомер потпиша за Интер, Блинд во Жирона, додека Кансело не беше откупен.
Во тие моменти изгледаше дека баварците го имаат еден од најдобрите преодни рока во својата историја, меѓутоа работите не тргнаа во насока во која што посакуваа.
Матис де Лихт – пристигна од Јувентус за 67 милиони евра
Садио Мане – од Ливерпул за 32 милиони евра
Матијас Тел – од Рен за 20 милиони евра
Рајан Гравенберх – од Ајакс за 18 милиони евра
Јан Зомер – од Борусија Менхенгладбах, слободен агент
Нусар Мазрауи – од Ајакс, слободен агент
Дејли Блинд – исто така од Ајакс, слободен агент
Жоао Кансело – позајмица од Манчестер Сити