
Уште едно признание за Пројковска: Ќе дели правда на Копа Америка
УЕФА и КОНМБЕОЛ имаат договор за размена на судии, па така Пројковска ќе има можност да биде дел од еден од најпознатите турнири и тоа како единствена главна судијка од Европа. Претставнички на УЕФА како нејзини помошнички ќе бидат Џулија Темпестили и Ирагарце Фернандез.
Домаќин на турнирот оваа година е Еквадор, отворањето е на 12 јули, додека финалето ќе се игра на 2 август.