Двајца поранешни НБА играчи крвнички се тепаа среде натпревар (ВИДЕО)

Голема тепачка го одбележа стартот на BIG3 спектаклот што се одржува во Чикаго, а на кој учествуваат познати кошаркари.

Инцидентот се случи за време на дуелот меѓу екипите на Лос Анџелес Рајот и Мајами 305, а го иницираше еден од најдобрите центри во историјата на НБА, Двајт Хауард. Без потреба, тој го удри Ленс Стивенсомн, уште еден поранешен НБА кошаркар кој му врати и двајцата си разменија по неколку боксови.

Хауард играше во НБА 18 години, има и една шампионска титула, освоена со Лос Анџелес Лејкерс, а неодамна беше примен во Куќата на славните и покрај тоа што официјално уште не ја завршил својата кариера.