Менаџерите и посредниците од трансфери во 2019 година заработиле – 654 милиони долари!

Фудбалот веќе со години е голем бизнис во кој се вртат огромни пари, а луѓе што посебно тријат раце во најважната споредна работа на светот се менаџерите и посредниците, откако ФИФА објави дека само во 2019 година тие заработиле преку оловина милијарда долари од трансфери.

Ако се спореди со 2018 година, во оваа 2019 година вкупната заработка на менаџерите и посредниците од трансфери е зголемена за цели 19 отсто и првпат тие надминале пола милијарда долари заработка.

ФИФА преку својот „ТМС систем“ објави дека во оваа година се направени преку 17.000 трансфери и дека во 3.557 трансфери учествувал најмалку еден посредник, кој потоа добил провизија за трансферот. Инаку 80 отсто од вкупната сума на пари што е направена за трансфери отпаѓа на „лига петка“, т.е. петте најсилни лиги на Стариот континент.