Матиќ како Хулк - тргна да се тепа со цела клупа на Костарика (ВИДЕО)

Вистинска драма се случуваше во последните моменти на дуелот помеѓу Србија и Костарика, кога во главна улога беше Немања Матиќ, кој се обиде да му ја земе топката на еден од помошниците на селекторот на Костарика.

Откако успеа во своите намери да ја избие топката од неговите раце, дојде целата клупа на Костарика, но Матиќ не тргна да бега, туку сакаше да се пресмета и со нив, но за среќа поради брзата интервенција на судиите, беше спречен посериозен инцидент.