Марез промаши пенал, Брегот на Слоновата коска го декласираше Алжир (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска ја запиша втората победа на Африканскиот куп на Нации, и тоа против Алжир со убедливи 4-1, па така го освои првото место во групата Е и се пласираше во следната фаза.

Кеси во 22. минута ја отвори серијата од голови на Брегот на слоновата коска (1-0), по што Сангаре до крајот на првото полувреме погоди за предност од 2-0.

Мизеријата на Алжир продолжи во вториот дел, кога Пепе зголеми на 3-0, а потоа Марез пропушти шанса за 1-3 од белата точка, меѓутоа неговата грешка ја корегираше Бендебка во 73. минута.

Триумфот на Брегот на Слоновата коска го потврди Холер со погодок во 93. минута, кога стрелаше за конечни 4-1.