Лука Дончиќ со емотивно писмо се збогува со Далас и Тексас !
Дончиќ се збогуваше со клубот во кој играше од 2018 година, но никогаш не го освои шампионскиот прстен.
„Пред седум години, дојдов тука како тинејџер за да си го остварам сонот да играм кошарка на највисоко ниво. Мислев дека тука ќе ја поминам кариерата и сакав да го освојам прстенот. Љубовта и поддршката која ми ја дадовте се повеќе од тоа што можев да сонувам. За младо момче од Словенија, кое првпат дојде во САД, направивте сè за во Тексас да се чувствувам како дома“, објави Дончиќ.