Манчестер јунајтед сака Хрват за нов тренер!
Според „Скај Спорт“; Ковач се наоѓа на потесната листа на Манчестер јунајтед, кој веќе се распрашувал за неговата ситуација. Покрај тоа, неговото име неодамна се споменуваше и како опција за Челси каде што на крајот се одлучија за Росениор.
И покрај интересот, Ковач е цврсто врзан за Борусија Дортмунд, со која има договор до 2027 година, продолжен пред шест месеци. Клубот под негово водство бележи добри резултати, втор е на табелата во Бундеслигата и е на добар пат во Лигата на шампионите. Иако во Германија повремено се дискутира за стилот на игра на неговата екипа, јасниот и прагматичен пристап на Ковач е високо ценет во Англија.
Засега нема нешто сериозно, меѓутоа се наведува дека Ковач ќе биде помеѓу првите со кои ќе разговараат челнците на Јунајтед на пролет кога имаат план да го изберат наследникот на Керик кој пристигна како привремено решение до крајот на сезоната.