Вембанјама како Кари - ѝ даде седум тројки на Јута (ВИДЕО)
Спарс славеа со 123-110 и го задржаа второто место на Западот, а Французинот имаше шутерска вечер, нетипична за играч на центарската позиција. Погоди седум тројки од 12 шута, постигна 33 поени со 10 скока и е најзаслужен за триумфот на неговиот тим.
Сан Антонио уште еднаш демонстрираше моќ против послабите екипи и дојде до јубилејната 30. победа во сезоната што е одлично бидејќи е остварена во 43. натпревар. Јута во еден период се врати во игра откако претходно имаше негатива од 23 поени, но не успеа да ја загрози победата на домашниот тим.
Покрај Вембанјама, се истакнаа Кеси со 18 поени и осум асистенции, како и Дилан Харпер со 15 поени. Кај Јута, која настапи без Лаури Марканен, најефикасен беше Кијонте Џорџ со 30 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Голден Стејт - Мајами 135-112
Детроит - Бостон 104-103
Бруклин - Феникс 117-126
Филаделфија - Индијана 113-104
Њујорк - Далас 97-114
Сан Антонио - Јута 123-110
Вашингтон - ЛА Клиперс 106-110
Кливленд - Оклахома 104-136
Атланта - Милвоки 110-112