„Манчестер јунајтед е голем циркус, клубот го водат кловнови“

Легендарниот француски фудбалер Емануел Пети не верува дека Луис Енрике би прифатил во овој момент да го води Манчестер јунајтед, па дури со својата изјава и го понижи англискиот гигант.

Пети смета дека таквите шпекулации се целосно бесмислени, а своето мислење и го образложија.

„Дали навистина верувате дека Луис Енрике ќе го преземе Манчестер јунајтед? Во овој циркус наречен Манчестер јунајтед? Навистина ли мислите дека Луис Енрике би прифатил да работи на такво место? Да оди во Јунајтед, кој го водат сите тие кловнови и да му кажуваат: ‘треба да играш вака, треба да ти игра тој фудбалер, или зошто јавно кажа дека би сакал да го доведеш тој играч?’ Не, не, не, ние сме фокусирани на други фудбалери и ќе донесеме некои други“, изјави Пети.

Тој тука не застана, туку испрати порака и до клупската управа да седне на клупата и сама да го води тимот.

„Слично нешто му се случи и на Енцо Мареска во Челси. Дали навистина можете да замислите тренери како Пеп Гвардиола, Луис Енрике, Јирген Клоп, Карло Анчелоти или Жозе Мурињо да дојдат во клуб во ваква состојба? Нема шанси. Тие сакаат да имаат своја марионета. Ги предизвикувам самите да седнат на клупата и да го водат тимот, наместо да вршат толкав притисок врз менаџерите“, порача Емануел Пети.