Вардар ремизираше на втората контролка во Турција
Првото полувреме не донесе подогоци, двата беа постигнати во вториот дел. Узбекистанците до водство стигнаа по една мнута игра во второто полувреме, додека Вардар израмни по една контра преку Давид Бабунски во 78-та минута.
Видовме и уште по некоја прилика на двете страни, но резултатот не се промени.
За Вардар ова е прво реми во Турција кое доаѓа по поразот од Јаблонец од 6-2 во првиот натпревар.
Следниот натпревар Вардар го игра за три дена против Мотор Лубин од Полска, а до крајот на подготовките ќе се соочи уште со Динамо Махачкала (26.01), Ахмат (29.01) и Алашкерт (02.02).