Усаин Болт би можел да настапи на Олимписките игри во Лос Анџелес?!

Легендарниот атлетичар и најбрзиот човек во историјата, Јусеин Болт, се пошегува за можниот повраток на Олимпските игри 2028 во Лос Анџелес, но не во спортот по кој стана светски познат.

Болт се пензионираше во 2017 година како најбрзиот човек што некогаш трчал на 100 и 200 метри. Неговите рекорди во овие дисциплини (9,58 и 19,19 секунди) се недостижни за атлетскиот свет и така ќе останат уште долго време.

Сепак, Болт можеби ќе се врати на Олимписките игри во 2028 година и тоа во спорт кој всушност не е атлетика.

Тој наjaви можност да се појави на Олимпијадата во Лос Анџелес како репрезентативец на својата Јамајка во крикет, спорт кој го практикувал паралелно со атлетиката

.„Не сум играл долго време крикет, но ако ме повикаат, ќе бидам подготвен“, изјавил Болт.

Важно е да се напомене дека крикетот се враќа на Олимписките игри по 128 години пауза. 

Фото: EPA