По елиминацијата од ЕП: Капитенот на Србија се повлече од репрезентацијата (ФОТО)

Еден ден по поразот од Австрија и елиминацијата од Европското првенство (ЕП), Немања Илиќ реши да се повлече од репрезентацијата на србија.

Капитенот на „орлите“ објави емотивна порака на Инстаграм и се збогува со неговите сонародници.

„Од 2012 година имав чест да ја претставувам својата земја, да ја пеам химната и да го делам теренот со соиграчите. Секој повик и секоја одиграна минута во дресот имаше посебна тежина. Посебно привилегија ми беше да ја носам капитенската лента на Србија“, објави Илиќ.