Клуб Бриж лесно го реши Каират и се врати во трка за нокаут-фаза во ЛШ
Белгиската екипа ја најави победата уште во првиот дел, и тоа со головите на Станковиќ и Ванакен (2-0).
Вермант во 74. минута ја затресе мрежата на домаќинот за водство од 3-0, по што погоди и Мекеле за водство од убедливи 4-0.
Каират Алмати погоди во втората минута од судиското надополнување преку Садјебеков за конечни 1-4.