Македонија остана без селектор - Илиевски неочекувано поднесе оставка!
Оваа одлука ја потврди Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), која соопшти дека Управниот одбор на денешната седница едногласно ја прифатил оставката на искусниот стручњак, поднесена непосредно пред почетокот на состанокот.
„Иако УО беше изненаден од ваквата одлука, Федерацијата во целост ја почитува личната и професионалната одлука на Марјан Илиевски и му изразува искрена благодарност за ангажманот, професионалноста и придонесот додека ја извршуваше селекторската функција“, се вели во официјалното соопштение од МКФ.
Илиевски ја презеде репрезентацијата во јуни минатата година и ја водеше Македонија во неуспешните претквалификации за СП 2027, како и на стартот од првата фаза од претквалификациите за ЕП 2029. Во тој период, националниот тим одигра шест натпревари и забележа три победи.
Македонската селекција е на првото место во групата со Ирска, Азербејџан и Луксембург, во пресрет на вториот циклус натпревари, кои не очекуваат за две недели, поради што раководството на КФМ неочекувано е ставено во ситуација ептен брзо да најде заменик за веќе заминатиот селектор.