„Господ ни даде сила да победиме денеска“
Никола Костески, постериот од браќата по натпреварот призна дека Македонија тргнала со намера за поубедлива победа, меѓутоа натпреварот не се одвивал онака како што очекувале.
„Ние бевме подготвени да го добиеме мечот, а потоа да славиме со што е можно повеќе разлика, но не одеше сè по планот. Се обидовме неколку пати да поведеме со шест разлика, но потоа падна предноста. Успеавме да победиме на крајот. Голот на мојот брат, Господ ни даде сила да се радуваме на оваа победа. Португалија нема да дозволи убедлив пораз, но ние ќе навиваме, сè е можно, па ќе видиме што ќе се случи“, изјави Костески.
За плсман на Македонија во следната рунда потребно е да се случи чудо и Данска да ја победи Португалија со неверојатни 18 гола.