Мбапе им даде два гола на „своите“, па им се извини (ВИДЕО)

Килијан Мбапе ја продолжи својата голгетерска серија и вечерва стана првиот фудбалер во Лигата на шампионите со двоцифрен број голови оваа сезона.

Во првото полувреме од дуелот со Монако, францускиот репрезентативец постигна два гола со кои Реал поведе со 2-0. Монако е клубот каде тој ја почна професионалната кариера и со кого освои титула во домашното првенство и не криел дека секогаш му е во убаво сеќавање.

Порад тоа, при првиот постигнат гол, тој прослави со своите соиграчи, а потоа им се извини на гостинските навивачи кои ги има во мал број на „Бернабе“.