Данска не само што не ни направи услуга, туку и изгуби од Португалија
Во мечот кој одлучуваше за челната позиција и за тоа кој ќе пренесе два бода во следната фаза, Португалците го победија домаќинот и главен фаворит за златото Данска со 31-29. Со тоа, Данците не само што не ѝ направија услуга на Македонија (реално, малкумина очекуваа такво нешто), туку и загубија во клучниот меч и ќе имаат многу проблеми да се пласираат во полуфиналето од континенталниот шампионат.
Победата на Португалија е апсолутно заслуженан ако се знае дека ибериската селекцијата водеше во најголемиот дел од мечот. Данците во првото полувреме само еднаш се најдоа во водство (7-6), а во вториот дел уште неколку пати се најдоа во позитива, најмногу со два гола разлика. Во клучните моменти Португалија отиде на три гола предност, успеа да одбрани неколку напади на домаќинот и дојде до посакуваната победа.
Португалија и Данска сега одат во групата И во која се уште Франција, Германија, Данска и Норвешка и ќе следи жестока борба за првите две места кои водат во полуфиналето.