Лудница во Сенегал: Навивачите ги пречекаа хероите од АКН (ВИДЕО)

Репрезентативците на Сенегал се вратија во татковината со пехарот во Африканскиот куп на Нации (АКН), а низ улиците на Дакар ги пречекаа илјадници навивачи.

Голем број фанови беа на улиците за да ги пречекаат своите херои кои се изборија на неверојатен начин да стигнат до пехарот, откако триумфираа против домаќинот Мароко.