Крај на сагата: Вардар нема да остане без пари од заминувањето на Мато!
Вардар за Мато прво одби понуда од 350.000 евра, меѓутоа лидерот во Шкотска потоа се договори со голгетерот од Уганда и потврди дека од лето Мато ќе биде нивни играч.
Сепак, за Вардар на крајот да не остане со празни раце отворил нови преговори и Мато уште во овој преоден рок ќе продолжи во Шкотска.
Во Хартс, Мато пристигнува како замена за Лоренс Шакленд кој беше и капитен на тимот, но заработи повреда и го чека пауза од шест до осум недели, поради тоа и во Хартс сакале уште сега да го добијат Мато.
Засега нема информации колку Вардар ќе заработи од својот најдобар фудбалер.