Џеко пред потпис, ќе игра за второлигаш

Босанскиот голгетер, Един Џеко постигнал вебален договор со германски Шалке, објави Флоријан Плетенберг.

Фудбалскиот инсајдер открива и дека сега следуваат преговори меѓу водечкиот германски второлигаш и Фиорентина, клубот на кој искусниот напаѓач му се приклучи летово, но главно како резерва запиша 18 настапи (722 минути) и сега сака да си замине.

Неговиот договор важи до јуни, со опција за продолжување зависно од индивидуалните остварувања, што значи дека Фиорентина може да добие отштета за Џеко.

Плетенберг додава дека спортскиот директор Франк Бауман и тренерот Мирон Муслиќ успеале да го убедат Џеко да дојде и да им помогне да го задржат првото место во битката за враќање во елитниот ранг на германскиот фудбал. 

Нема дилеми дека искуството на Џеко може да биде од големо значење, ветеранот во кариеерата постигна над 400 голови, а со евентуалниоттрансфер во Шалке би се вратил во Германија по 15 години, тогаш настапуваше за Волфсбург.