Иван Николов пред нов предизвик - има понуди од Србија, Данска, Унгарија и Норвешка

Македонскиот фудбалер, Иван Николов кој неодамна се раздели со даански Сондерјиске наскоро би можел да пронајде нов ангажман.

Според информациите кои ги објави познатиот новинар Руд Галети, Николов во овој момент има понуди од Норвешка, Унгарија, Данска и Србија.

Ако ја продолжи кариерата надвор од Македонија за Николов тоа ќе биде втор интернационален ангажман, претходно беше дел од Академијата Пандев (Брера Струмица) и Вардар.

Зад себе Николов има и настап во македонската сениорската репрезентација, додека во селекцијата до 21 година беше и капитен.