Пеп не може само да купува: Сити во Лондон продава фудбалер за 40 милиони евра

Манчестер сити во изминатата една година потроши многу на засилувања, а во овој преоден рок пристигнаа Семењо и Гуехи, па јасно е дека „граѓаните“ мораат и да продаваат.

Прв на листата кој би можел да замине е Оскар Боб, за кого одамна се најавува дека ќе го напушти клубот, а според последните информаации ќе продолжи во Лондон.

Боб во изминатите недели се поврзуваше со Борусија Дортмунд, но во меѓувреме повик добил од Марко Силва, кој сака да го донесе во Фулам, што во моментов се смета за најреална опција.

Фулам е подготвен да плати и значително повеќе, околу 40 милиони евра евра за норвешкиот репрезентативец, додека Борусија наводно нудела десетина милиони помалку.

Оскар Боб практично е „дете“ на Манчестер сити, во чија академија пристигна уште летото 2019 година од норвешка Волеренга. Дебитираше кај Пеп Гвардиола пред две години, но никогаш не доби вистинска шанса.

Сезонава сепак собра 15 настапи во сите натпреварувања, но на теренот мина нешто повеќе од 700 минути.