Мајер: Одиме да изгинеме за финале, па ако се сѐ скоцка можеме и до – титула!

„Новиот Модриќ“, Ловро Мајер е редовна замена за „сенаторите“ во средниот ред на Хрватска, даде гол во пенал-рулетот и во новото историско полуфинале, Хрватска покажа дека комплетната транциција во селекцијата нема да се почувствува дури и кога ќе си заминат Лука Модриќ, Марцело Брозовиќ, Иван Перишиќ...

Мајер после епската победа со Бразил најави дека Хрватска оди во полуфинале да изгине за ново финале, а вечерва ќе дознаат со кого ќе играат, против Холандија или Аргентина.

„Кога Маркињос ја погоди стативата, ми помина некое чувство кое во живот на сум го почувствувал. Можеме ние уште повеќе, честитки навистина за сите, секоја чест за Ливаковиќ, а сите што шутиравме бевме така мирни и ладни... Селекторот ни рече дека мора да веруваме до крај, сега можеме само да бидеме горди. Бразилците не беа на ниво, ама и ние ги скративме. Направивме чудо, сега одиме кон финале. Одиме да изгинеме за финале, а ако се сѐ скоцка, можеме и до – титула“, рече Мајер.