Луд меч во Швајцарија: Растодер даде два гола, а неговиот тим прими осум!
Тун веќе ја прослави сензационалната титула во Швајцарија, па во овој дуел по прославата кој беше без резултатско значење загубија со неверојатни 8-3. Растодер набрзина двапати стрелаше во 11-тата и 13-тата минута, но уште до крајот на полувремето Јанг Бојс направи целосен пресврт и поведе со 3-2.
Во вториот дел гостите постигнаа уште пет гола, а преостанатиот погодок за Тун беше дело на Бертоне. Треба да се каже и дека домаќините останаа со два играчи помалку по исклучувањата на Бурки во финишот од првото полувреме и Бемерт во вториот дел.
Растодер со бројката од 15 погодоци се наоѓа на третото место на листата стрелци.