Србија ја победи Унгарија, но има и за што да жали, Словенија подобра од Црна Гора

Репрезентација на Србија славеше победа над Унгарија од 31-29 во првиот натпревар од двомечот за пласман на Светското првенство наредната година во Германија.

Србија иако победи, сепак пропушти поголем дел од работата да заврши уште на овој дуел. На дуелот кој се играше во Ниш домаќините на полувремето водеа со 18-12, сепак не успеаја таа висока предност да ја сочуваат до крајот.

Вака со два гола негатива Унгарците сигурно имаат на што да се надеваат. Одличен натпревар одигра и ракометарот на Охрид, Дарко Ѓукиќ кој постигна седум гола, најефикасен беше Драган Пешалбек со осум. Кај Унгарија Бенсе Имре постигна седум

Неизвесно беше во балканското дерби меѓу Црна Гора и Словенија, а на крајот Словенија славеше со еден гол разлика 29-28.

Фото: Rukometni Savez Srbija