Македонија ја прегази Словачка и ако нема чудо во Скопје – ќе играме нов Мундијал!
Maкедонија тргна добро од самиот старт и поведе со 2-0, домаќините првиот гол го постигнаа во четвртата минута, но тогаш следуваа набрзина уште два за едно од нивните ретки водства на средбата.
Првата половина од полувремето како да помина во испитување на силите, Словаците тука одржуваа минимална негатива, меѓутоа попуштија во самиот финиш. Тогаш избраниците на Лазаров со серија од три гола за првпат побегнаа на посериозна ралзика и со пет гола водство заминаа на паузата (18-13).
Тие последни минути од првото полувреме како да беа најава за она што следуваше во второто полувреме.
Домашната селекција не можеше да го следи нашиот ритам и беше очигледно дека сме многу поквалитетен ривал, па така констатно имавме сигурна предност. Словачка ниту еднаш посериозно не се закани.
На крајот Македонија славеше победа од седум голови разлика што се огромна предност пред вториот натпревар на кој ќе бидеме домаќини во „Борис Трајковски“ за три дена исто така од 19:00 часот.
Најефикасен кај нас беше Кузмановски со десет гола, а го следеше Лазаревски со седум. Се истакна и Томовски кој средбата ја заврши со 13 одбрани.