Очајната сезона си го зеде данокот - нема Светско првенство за Камавинга

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп го објави својот состав за Светското првенство, а фудбалерот на Реал, Едуардо Камавинга не е меѓу избраните.

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид нема да биде присутен на турнирот ова лето, што требаше да биде негово второ учество на Светското првенство. По разочарувачката сезона на клупско ниво, тој доживеа уште еден удар бидејќи Дешамп одлучи да повика девет напаѓачи и пет играчи од средниот ред. Канте, Коне, Рабио, Чуамени и Заир-Емери се избрани за средниот ред.

„Тој доаѓа по тешка сезона во која играше малку и претрпе повреди. Можам да го замислам неговото огромно разочарување вечерва. Морав да донесам некои тешки одлуки помеѓу дефанзивците, играчите од средниот ред и напаѓачите“, објасни Дешамп.

Камавинга беше директен виновник за елиминацијата на Реал од Лигата на шампионите откако во реванш четвртфиналниот дуел со Баерн доби глупав црвен картон. И неговите игри во Ла Лига не беа на нивото што е една од причините за дебаклот во однос на Барселона.