Палестинците му се заблагодарија на Јамал – доби мурал на урнатините во Газа (ВИДЕО)

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, доби посебен знак на благодарност во Појасот Газа откако палестински уметници нацртаа мурал со неговиот лик на урнатини од уништени згради во бегалскиот камп Ал-Шати, кој се наоѓа западно од Газа.

Овој уметнички израз доаѓа како директна реакција на неодамнешниот потег на тинејџерот,кој за време на прославата на титулата на Барселона во Ла Лига, од победничкиот автобус мавташе со палестинско знаме.

Неговиот гест брзо го обиколи светот и наиде на силни емоции и одобрување кај Палестинците. Муралот го прикажува насмеаниот Јамал во боите на палестинското знаме, а е насликан на ѕид од уништен објект.

Фото: Barcelona FC