Враќањето на Мурињо во Мадрид нема да биде ниту едноставно, ниту евтино

Евентуалното враќање на Жозе Мурињо во Реал Мадрид нема да биде ниту едноставно, ниту евтино, бидејќи е познато колкава сума би требало да плати шпанскиот гигант на Бенфика.

Договорот на португалскиот тренер содржи специјална откупна клаузула што на Бенфика ѝ гарантира значително обесштетување доколку Мурињо реши да замине на „Сантијаго Бернабеу“.

Според португалски „Рекорд“, заминувањето на Мурињо би го чинело Реал Мадрид речиси седум милиони евра. Овој износ бил договорен меѓу тренерот и клупската управа како заштита за лисабонскиот клуб.

Исто така клаузулата е активна во многу краток временски рок, надоместокот мора да биде исплатен доколку која било страна реши да го раскине договорот во рок од 10 дена по последниот натпревар од сезоната.

Претседателот на Бенфика, Руи Кошта и клупската управа не седат со скрстени раце додека шпекулациите за трансферот се засилуваат. „Рекорд“ наведува дека Кошта веќе му претставил официјална понуда на Мурињо за продолжување на договорот.

Клубот сака да ја продолжи соработката со Мурињо и да обезбеди стабилност на проектот што го водеше во текот на целата сезона.

И покрај примамливата понуда од Мадрид, во Бенфика се надеваат дека подобрените услови би можеле да го убедат 61-годишниот тренер да остане во Португалија. 

Фото: Benfica/FB