Саудијците не штедат, ќе даваат пари и за Мундијалот ова лето!
Како што е познато, претстојното Светско првенство за првпат ќе се одржи во три држави, САД, Канада и Мексико и ќе собере 48 репрезентации.
Партнерството опфаќа поддршка за иницијативи ширум светот, вклучително и програми за базичен фудбал, младински и женски фудбал, образовни проекти, како и напори за унапредување на инфраструктурата и техничката експертиза.
ПИФ, кој од стартот на ЛИВ Голф во 2022 година инвестираше повеќе од пет милијарди долари, минатиот месец соопшти дека ќе го намали финансирањето по завршувањето на сезоната 2026, оставајќи ја лигата во потрага по нови инвеститори.
Суверениот фонд, со кој претседава саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, е вклучен и во неколку други спортови.
Во соопштението за намалувањето на поддршката за ЛИВ Голф, од ПИФ порачаа дека остануваат посветени на меѓународни инвестиции во согласност со својата стратегија, „вклучувајќи ги тековните и идните вложувања во различни спортови како приоритетен сектор“.