Ривалот на Перез ќе се обиде да добие гласови со друго големо тренерско име!

Во Реал Мадрид наскоро ќе има претседателски избори, а бизнисменот Енрике Рикелме се посочува како противкандидат на Флорентино Перез, тој има поинакви идеи од сегашниот претседател.

Наводно, Рикелме сака негов адут во изборите да биде Јирген Клоп, тој веќе стапил во контакт со Германецот. Засега нема информации дали стратегот прифатил да биде дел од кампањата.

Името на Клоп се појавуваше како еден од можните тренери на Реал Мадрид, но Перез се одлучи да го врати Мурињо. 

Сега идејата на Рикелме е да излезе со став дека Клоп е подобро решение од Мурињо и на тој начин ќе се обиде да добие гласови.

Поддршка во кампањата на Рикелме ќе му даде Икер Касиљас, а се споменува дека и Предраг Мијатовиќ може да биде од негова страна.