Македонија ќе има поддршка, фалангата од Виена оди во Прешов! (ВИДЕО)

Ракомената репрезентација на Македонија денеска со почеток од 19 часот го почнува баражот против Словачка за пласман на Светкото првенство, првиот меч се игра во Прешов.

Нашите ракометари денеска гостуваат, но на трибините ќе има македонски навивачи, фалангата од Виена се собра и патува кон словачкиот град каде ќе се игра натпреварот.

Австрија и Словачка се соседи, па нашите навивачи од Виена ја искористија блискоста на земјите и отидоа да дадат поддршка за нашата репрезентација. Од Винеа до Прешов има околу 550 километри, 5-6 часови возење кои со песна минуваат брзо.