Хрват погоди 105 тројки по ред – чистачката го спречила да го надмине Стеф Кари (ВИДЕО)

Тоа што требаше да биде обично загревање пред натпреварот на Сплит против Забок се претвори во неверојатна кошаркарска приказна, која експресно го обиколи светот.

Хрватскиот кошаркар, Вито Кучиќ, успеа да погоди дури 105 тројки по ред на загревање и така да го израмни рекордот на најголемиот шутер во историјата – Стеф Кари. Снимките од салата „Грипе“ во Сплит веднаш станаа вирални, а уште поневеројатна е приказната за промашувањето на 106. шут, со кој Кучиќ ќе поставел нов светски рекорд.

„Некаде пред крајот во салата влезе чистачката на клубот. Ми пријде и ме праша: ‘Дали воопшто промаши нешто?’ Тогаш малку ми падна концентрацијата и ја промашив 106. тројка“, раскажал низ смеа хрватскиот кошаркар.

Kučić открива дека претходно никогаш не се обидел да брка ваков подвиг.

„Мојот личен рекорд досега беше 48 тројки по ред, така што можам да кажам дека добро го удвоив“, изјави тој.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by KK Split (@kksplit_)

Интересно е што на почетокот никој ниту броел колку шута погодил.

„Почнавме без никаква идеја за рекорд. Целта беше да погодам по 20 тројки од секоја страна и да стигнеме до 100. Кога видов дека сè влегува, му реков на тренерот на шега дека ова оди на 100“, раскажува Kučić.

Младиот хрватски кошаркар наскоро се сели во САД, каде ќе настапува за универзитетот Фордам Универзитет во силната НЦАА-лига.