Тиверија Брера ја прегази Каменица Саса за втор куп трофеј! (ФОТО)
Резултатот беше отворен по 28 минути кога Галабоска реализираше пенал, две минути подоцна Николовска стрелаше од слободен удар за 2-0, а веќе по половина час резултатот беше и 3-0 по погодокот на Паневска.

Со предност од 3-0 Тиверија замина на паузата за во продолжение да ја потврдат доминацијата со уште два гола кои беа дело на Бошевска прво во 50-тата, па во 84. минута од средбата.

