Вардар ќе игра во три од четирите младински Куп финалиња!

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските конкуренции и познати се тимовите кои ќе се борат за трофеите, Вардар доминира меѓу имињата.

Црвено-црните се пласираа во куп финалињата на три младински категории, ќе се борат за пехарите во конкуренција на кадети, помлади пионери и пионери.

Во полуфиналето кај младинците Брера со 8-0 го прегази Пелистер, а Шкупи со 3-2 беше подобар од Вардар.

Кај кадетите, Вардар со убедливи 4-1 беше подобар од Брера, а Пелистер со 2-0 славеше над Њу Старс.

Финални натпревари во младинските категории:

Младинци: Брера - Шкупи
Кадети: Вардар - Пелистер
Помлади пионери: Вардар - Пелистер 
Пионери: Вардар - Македонија ЃП