Иран дефинитивно оди во САД, го претстави дресот со кој ќе игра (ФОТО)
На официјалното претставување во Техеран, каде што навивачите ја испратија репрезентацијата пред заминувањето на подготовките, Иран го откри првиот дрес за Светското првенство, а во преден план се најде гепардот.
Иако ФИФА строго забранува политички пораки на дресовите, овојпат беше одобрена симболика поврзана со заштита на животната средина и загрозените животински видови.
На долниот десен дел од предната страна на дресот се наоѓа мотив на азискиот гепард, едно од најзагрозените животни во светот. Иран ја испрати истата порака и на Светското првенство во 2014 година, кога исто така се обидуваше да ја подигне свеста за заштита на овој вид. Исто така дизајнот е многу сличен на оној што Иран го носеше на Мундијалот 2022 година.
Покрај самиот гепард, посебно внимание привлекуваат и ракавите на кои се наоѓа шема инспирирана од дамките на гепардот.
🚨 OFFICIAL: Iran’s new shirts for the 2026 World Cup.
— Persian Culer 🇮🇷 (@Persian_Culer) May 13, 2026
Thoughts? pic.twitter.com/0Iol2z5Tq1
СПИСОКОТ НА ФУДБАЛЕРИ:
