Перез се жали на судењето, а екс шпански арбитар го „закопа“: Ме заклучи во соба, поради него не судев финале
Најмногу „настрада“ Барселона за која контроверзниот претседател по којзнае кој пат ја обвини дека повеќе од 20 години плаќала судии да судат во нејзина корист. Претходните години, арбитрите категорично го демантираа, а сега излезе еден од најдобрите поранешни судии во Шпанија Алехандро Итуралде Гонзалес кој детално објасни за некои скандали во режија токму на Флорентино Перез.
„Флорентино Перез е гениј бидејќи тој уште еднаш го диктира наративот и од него зависи за што ќе се зборува во јавност. Никој сега не зборува за двете години без титула на Реал и катастрофите што ги доживува и тој и клубот, туку за наводен скандал со судии.
Флорентино е тој што мене и моите помошници не затвори во една соба и не ни дозволи да си одиме од Бернабе. Тоа беше еден од најстрашните моменти во мојот живот, но сето ова е документирано и постојат докази. Поради него не го судев финалето во Копа дел Реј во 2011 година. Лично тој ургираше да не судам јас и беше поставен Ундијано Маљенко“, открива Итуралде.
Реал во тоа финале на контроверзен начин ја победи Барселона со 1-0 откако во второто полувреме на „каталонците“ им беше поништен гол на Педро поради наводен офсајд за кој никогаш не се докажа дека постои.