Лионел Меси израмни неверојатен рекорд на Герд Милер (ВИДЕО)

Лионел Меси со вечерашниот погодок на гостувањето кај Вилјареал стигна до 525 гола во дресот на Барселона. 

Тој се израмни со легендарниот германски голгетер Герд Милер, кој исто така има 525 гола за еден клуб (Баерн Минхен) во петте најсилни лиги во Европа. Интересно е тоа што за Аргентинецот ова беше 49-ти гол во оваа 2017 година во сите конкуренции.

Меси набрзо ќе постигне нов рекорд со оглед на фактот дека му остануваат уште многу натпревари до крајот на кариерата и ќе го надмине Милер, исто како и неговиот рекорд од 85 голови во една календарска година.