Леверкузен во јануари може да добие засилување од Реал Мадрид
Турскиот фудбалер со големи очекувања пристигна во Мадрид и многумина во него гледаа наследник на Лука Модриќ, но тој не добива доверба од тренерот Анчелоти.
Во сезоната 2023/2024 собра само 12 настапи и во нив на теренот помина 440 минути постигнувајќи шест погодоци, додека во актуелната има 17 настапи и 575 минути со учинок од еден гол и една асистенција.
Плетенберг откри дека Реал нема да намера да го пушти, меѓутоа не се исклучува можноста ситуацијата да се промени, ако самиот фудбалер притиска.