Коста се изнервира и му се „истури“ на ирански новинар

Диего Коста против Иран не успеа да одигра како против Португалија, но сепак го постигна единствениот и победнички гол за неговата репрезентација.

Сепак, 29-годишниот напаѓач не беше среќен кога навивачот го праша за неговиот пристап на натпреварот.

„Не знам кој натпревар си го гледал ти. Во првото полувреме нè провоцираа постојано. Мора да дојдете и да видите каков е натпреварот, не само поради тоа што игра вашата земја, туку поради тоа што поставувате глупави прашања“, бесно одговорил Коста.

Да потсетиме, Шпанија вчера го победи Иран со 1-0 со голот на Коста, кој е сега втор стрелец на турнирот зад Кристијано Роналдо, кој има четири гола.