Конте има само една опција за наследник на Кварацхелија
Јасно е дека грузискиот фудбалер беше од огромна важност за целата екипа и незаменлив дел, а како негови можни наследници се споменуваат Карим Адејеми и Алехандро Гарначо.
Првиот му кажа „не“ на Конте и негова цел е да остане во Дортмунд барем до лета, а потоа да ги разгледа опциите.
Така единствена опција за Наполи останува Гарначо, но тука Јунајтед не попушта и за неговите услуги бара 65 милиони евра. Наполи наводно не е спремен да понуди повеќе од 55 милиони евра.
До крајот на зимскиот преоден рок нема уште многу време, па останува да видиме каков ќе биде исходот на преговорите.