„Кариоките“ тргнаа моќно, ама Бразил е загрижен – Нејмар се повреди! (ФОТО)

Петкратниот светски првак Бразил тргна моќно зашто Србија можеше да ја прегази, иако крајниот резулат е поднослив за северниот сосед (2-0), но тоа што најфудбалската земја на светот остана загрижена и поркрај радоста за триумфалниот почеток на СП во Катар е – повредата на Нејмар.

Иако камерите од преносот не покажаа такво нешто, посебна камера на бразилски „Глобо“, го фати Нејмар со дресот преку глава и реакција на лекарскиот тим за третман врз неговиот зглоб.

Каква и колкава е повредата на Нејмар не е познато, ама Бразилците се загрижени да не е нешто посериозно уште на стартот во кампањата по две децении да го вратат „златниот пехар“ дома.